Саморегулација, а не казни за медиумите

05.02.2016 16:54

Со саморегулација, а не со казни за новинарска етика можат да се средат медиумите, велат од ЗНМ и од Синдикатот на новинари и медиумски работници. СДСМ не се согласуваат со предлогот. ВМРО-ДПМНЕ со став дека опозицијата не сака решение туку создавање конфликт...

Саморегулацијата е надлежност на професијата, а медиумите да се казнуваат за новинарска етика е недемократска практика- сметаат Здружението и Синдикатот на новинари.

Социјал- демократите остануваат на нивниот предлог за зголемување на казните за медиумите и  санкционирање на новинарите. Се предлага комплетната раководна структура на Управниот одбор на Агенцијата за медиуми и програмскиот совет на МРТВ да бидат составени од луѓе кои што работат во невладиниот сектор, а за изборот на членови во Агенцијата да нема критериуми.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не сакаат да се најде решение за медиумите, туку целта е да создадат конфликт. Предлогот на СДСМ е цензорски и спротивен на Уставот, но и европските конвенции, велат на брифинг во владеачката партија. Остануваат на ставот дека во игра се двеопции. Пресликување на европски закон или да се разгледаат предлозите на медиумите, односно на новинарските здруженија и Македонската медиумска асоцијација и тие потоа да се внесат во постојниот Закон за медиуми.

 

Миле Ристески