До крајот на неделава- поднесување на елаборати за купување на земјиште под оранжерии
До крајот на неделава е рокот за поднесување на елаборати за купување на земјоделското земјиште под оранжерии и други стопански објекти. Потоа ќе следи јавен повик за продажба...

Сопствениците на оранжерии и други производствени објекти до крајот на неделава можат да достават елаборати за пренамена на статусот на земјиштето во подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Со елаборатот ќе ги исполнат условите да се јават на еден од јавните повици кои ќе бидат објавени годинава.
Јавниот повик за откуп на земјиштето ќе биде распишан по два месеца односно по истекот на рокот за пријавување.
Апликантите, освен што ќе можат да склучат договор за откуп, ќе можат да бидат и корисници на сите поволности што се нудат за развој на компаниите, усовршување и зголемување на производството преку Програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.
Методија Трајков
