Бегалска криза: Потребна е финансиска и кадровска помош од ЕУ
Домашни аналитичари велат дека сега Македонија и Бугарија се доведени во ситуација да ги бранат интересите на Европската унија. За ова ни е потребна и финансиска и кадровска помош. Од безбедносен аспект, советите за земјава се со помош на полициите од земјите – членки што веќе патролираат, да се чуваат границите и да се превенираат безбедносни закани...

Бегалскиот бран се зголемува, а кризата не само што не се решава, туку ескалира. Безбедносните аналитичари предлагаат Македонија да ја интензивира соработката со силите за безбедност на соседите, а потребна е и финансиска и кадровска помош од ЕУ за справување со мигрантите. За да се намали ризикот неопходна е и поголема соработка со НАТО, вели универзитетскиот професор Томе Батковски. Мора да се создаде и база на податоци кои ќе се разменуваат соодветните странски разузнавачки служби за да се сузбијат активностите на криминалните групи за трговија со луѓе, смета Баткоски.
Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, состанокот на министрите за надворешни работи во Амстердам покажа дека Европа нема единствен став за справувањето со бегалската криза. Македонија е конструктивен фактор и ги штити интересите на ЕУ, вели Андонов.
Погрешно е решението за инсталирање бегалски кампови во земјава, пропуштањето на мигрантите и натаму треба да се врши во соработка со ЕУ и земјите на Западниот Балкан.
Најголема поддршка, земјава има добиено од земјите на Вишеградската група кои веќе имаат испратено свои полициски припадници на Македонско-грчката граница.
Сунчица Николоска
