Десет милиони евра од Прокредит банка за мали и средни фирми
Станува збор за средства обезбедени преку европскиот иновативен фонд. Ќе се поддржуваат иновативни претпријатија кои што сакаат да инвестираат во нови машини, опрема, проширување на производството или услугите со кои ќе ги подобрат конкурентноста и ефикасноста во работењето или ќе отворат нови пазарни можности.

Прокредит банка ќе пласира 10 милиони евра во малите и средните фирми во земјава во иновативни проекти.
Станува збор за средства обезбедени преку европскиот иновативен фонд. Ќе се поддржуваат иновативни претпријатија кои што сакаат да инвестираат во нови машини, опрема, проширување на производството или услугите со кои ќе ги подобрат конкурентноста и ефикасноста во работењето или ќе отворат нови пазарни можности.
Ќе се финансираат инвестиции во основни и обртни средства, а фирмите ќе имаат олеснет пристап до средствата за кои ќе биде потребно многу помало обезбедување во однос на стандардната процедура.
Средствата се обезбедени преку рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт 2020“.
