Бранот мигранти не стивнува
08.02.2016 10:11
Само во јануари пристигнале дополнителни 65.000 мигранти. Ако продолжи тоа темпо, во 2016 година во Европа ќе дојдат вкупно околу 780.000 мигранти и бегалци...

Бројот на мигрантите и бегалците што ќе дојдат во Европа оваа година може одново да биде еден милион, прогнозираат од Меѓународната организација за миграција. Според нив, 1.004.356 мигранти лани пристигнале во Европа, што е за четири пати повеќе во однос на 2014-та.
Само во јануари пристигнале дополнителни 65.000 мигранти. Ако продолжи тоа темпо, во 2016 година во Европа ќе дојдат вкупно околу 780.000 мигранти и бегалци, а бранот ќе се засили во текот на летните месеци, велат од Меѓународната организација за миграција.
