„Ало докторе“: 1.172 повици изминатата недела
ЈЗУ Здравствен дом Скопје информира дека грѓаните најчесто се јавувале за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.

На телефонската линија за медицински совети, 02/15 123 „Ало Докторе“, изминатава недела биле регистрирани 1.172 повици. Јавувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.
ЈЗУ Здравствен дом Скопје информира дека грѓаните најчесто се јавувале за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.
Од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет „Ало Докторе“, регистрирани се вкупно 75.668 повици. Телефонската линија е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет достапни се 25 доктори. Од ЈЗУ Здравствен дом Скопје посочуваат дека на сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало Докторе“ им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
