Ердоган: Америка, изберете кој ви е партнер

08.02.2016 12:21

Ердоган реагираше на посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Обама, на Кобане...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикуваше посетата на американски официјален претставник на северносирискиот град Кобане, кој е под контрола на локалните курдски сили, порачувајќи му на Вашингтон да избере кој ќе биде негов партнер - Турција или партијата на сириските Курди, Демократската унија.

Турција ја обвинува Демократската унија за поврзаност со Курдската работничка партија и ја смета за терористичка организација.

Ердоган реагираше на посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Обама, на Кобане, од каде минатата година силите на Демократската унија, со помош на меѓународната коалиција, уапсеаја да ги потиснат борците на групата Исламска држава.