Германската полиција трага по терористи
За сега нема индиции дека осомничените планирале конкретен напад, а не е познато ниту дали се уапсени, но се знае дека едниот од нив се пријавил во Германија како сириски бегалец.
Германската полиција во близина на Мајнц пребарувала станови на двајца мажи кои се осомничени за поврзаност со терористичка група во Сирија. Обвинителството се сомнева дека тие учествувале во сириската граѓанска војна како членови на странска терористичка група.
За сега нема индиции дека осомничените планирале конкретен напад, а не е познато ниту дали се уапсени, но се знае дека едниот од нив се пријавил во Германија како сириски бегалец.
Германската известувачка служба добила преку 100 дојави дека меѓу бегалците кои моментално се наоѓаат во земјата има и припадници на Исламска држава.
