Скопје доби четири електрични возила за чистење на плоштадите
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека јавното претпријате Комунална хигиена е едно од првите претпријатија кое најсериозно се зафати со оваа проблематика за миење и чистење на улиците.

Продолжува набавката на електромобили за потребите на Градот Скопје. ЈП Комунална хигиена со четири нови возила ќе ја одржува хигиената на градскиот плоштад и на улицата „Македонија“.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека јавното претпријате Комунална хигиена е едно од првите претпријатија кое најсериозно се зафати со оваа проблематика за миење и чистење на улиците.
Денеска промовираме две возила за хигиена на плоштадот „Македонија“ кои покрај тоа што го мијат и го полира мермерот. Третото возило е за одржувањето на хигиената на улиците, кое покрај плоштадот ќе работи и на улицата „Македонија“, а четвртото е за празнење на отпадот од возилата за хигиена, појасни Трајановски.
Градоначалникот информира дека секое jавно претпријатие во Скопје за 2016 година има буџетирано средства за набака на електромопеди и електрични велосипеди.
Според директорот на Комунална хигиена, Ракип Дочи, дневното полнењето на батериите на возилата ќе чини од две до три евра.
