Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за два денара
Според новата пресметка, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 58, а Еуросупер БС 98 за 60 денари. Новата цена на еуродизелот ќе изнесува 41 денар, а на екстра лесното масло за домаќинство - 29,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,16%, односно за 5,14%. Причина се растот на берзанската цена на суровата нафта и на дериватите на светскиот пазар за 12,9% во последните две недели.
Малопродажните цени на бензините, Еуросупер БС 95 и БС 98 се зголемуваат за половина денар во однос на постојните, додека Еуродизелот Д 5 и екстра лесното масло за домаќинстово поскапуваат за 2 денара по литар. Новата цена на килограм мазут е повисока за 2,4 денари.
Според новата пресметка, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 58, а Еуросупер БС 98 за 60 денари. Новата цена на еуродизелот ќе изнесува 41 денар, а на екстра лесното масло за домаќинство - 29,5 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,3 денари за килограм и ќе изнесува 15,2 денари.
