Двојна жичана ограда на македонско- грчката граница
Портпаролот на генералштабот, полковникот Тони Јаневски за МТВ потврди дека активностите на АРМ се одвиваат кај котата 59, од западна и од источна страна.

Армијата ги започна активностите за поставување на двојна жичана ограда на јужната граница. Портпаролот на генералштабот, полковникот Тони Јаневски за МТВ потврди дека активностите на АРМ се одвиваат кај котата 59, од западна и од источна страна.
Се поставуваат столбовите и оградениот простор кој изнесува околу 5 метри, за да помине патролно возило. Дополнително, според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока.
Ваквите активности на Армијата се во согласност со предходно утврдените мерки на управувачкиот комитет, а со цел поефикасна контрола на бегалците кои транзитираат низ државава кон земјите од Европската унија.
