Курц: Македонија и Србија не смеат да бидат оставени на цедило

08.02.2016 13:43

Курц, кој во рамките на Западно-балканската турнеја ќе ги посети сите земји од регионот во текот на неделава, вклучувајќи ја и Македонија, изјави дека го поддржува предлогот на австрискиот министер за одбрана...

Западниот Балкан, особено Македонија и Србија не смеат да бидат оставени на цедило, изјави, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по вчерашната  посета на Сараево, нагласувајќи ја притоа позитивната улога на двете земји при справувањето со бегалската криза.

Курц, кој  во рамките на Западно-балканската турнеја ќе ги посети сите земји од регионот во текот на неделава, вклучувајќи ја и Македонија, изјави дека го поддржува предлогот на австрискиот министер за одбрана Доскоцил, за распоредување на австриски војници „на надворешните граници на ЕУ, или во Македонија или во Србија“.

Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил во интервју за виенски „Стандард“ изјавил дека Грција не е во состојба да ја обезбеди европската граница и затоа предлага воспоставување воено-цивилна мисија за контрола на границите во Македонија и во Србија, предводена од Фронтекс.