Растат тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја

08.02.2016 13:57

Севернокоејскиот патролен чамец ја преминал видливо означената поморска граница во Жолтото море и по 20 минути се вратил во територијалните води на Северна Кореја, откако јужнокорејските поморски сили испукале пет предупредувачки истрели.

Севернокорејски патролен чамец денеска навлегол во територијалните води на Јужна Кореја во Жолтото море, што дополниелно ги зголеми тензиите меѓу двете земји кои ескалираа откако Северна Кореја вчера лансираше ракета со голем дострел.

Севернокоејскиот патролен чамец ја преминал видливо означената поморска граница во Жолтото море и по 20 минути се вратил во територијалните води на Северна Кореја, откако јужнокорејските поморски сили испукале пет предупредувачки истрели.

Ова не е прв случај севернокорејски патролни чамеци да навлезат во територијалните води на Јужна Кореја во тој дел, имајќи пред вид дека Пјонгпјанг смета оти поморската граница во Жолтото море се наоѓа појужно и тврди дека неговите бродови пловат низ севернокорејски води.