Мемети: Да се почитуваат правилата за фер и демократски избори
Според него, само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.

Народниот правобранител Иџет Мемети ги повика сите институции кои се надлежни за изборниот процес да ги почитуваат и спроведуваат правилата со цел на граѓаните да им овозможат избирачкото право да го остварат на слободни избори со тајно гласање, без никави уцени, притисоци и заплашувања.
Според него, само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.
Доколку граѓаните имаат сознанија, да ја пријават секоја форма на притисок и прекршување на нивните права и законите во подрачните единици на обдусманот или, пак на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
