Осомничени повеќе лица во случајот со Тамара

08.02.2016 15:16

Од нив произлегло дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство- Скопје ја извести јавноста дека за настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведе низа дејствија.

Од нив произлегло дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик.

Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот, се вели во соопштението.