Голем интерес за проектот „Купи куќа за млади“

08.02.2016 16:19

Секој понеделник и вторник заинтересираните ќе може да се информираат за условите од проектот. Покрај ова, месецов стартува и карванот за проектот „Купи куќа купи стан“...

Покрај канцеларијата во Министерството за финансии, канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ се отворени во 33 градови во државава. Секој понеделник и вторник заинтересираните ќе може да се информираат за условите од проектот. Покрај ова, месецов стартува и карванот за проектот „Купи куќа купи стан“.

Службите  во канцеларијата на Министерството за финансии со полни раце работа. Ги советуваат оние кои дојдоа да се информираат- како со помалку пари да дојдат до сопствен дом. Младите се заинтересирани да изградат куќа на сопствено земјиште.  Велат, секој почеток е тежок, а од огромна помош е финансиската поддршка од државата. Токму затоа се решиле да ги разгледаат двете опции што им се нудат.

„Се интересирав за плаќање на рата од страна на државата, за нова куќа. Дефинитивно нова куќа е поубаво, отколку доизградба.“

„Дојдов за информација за проектот. Сакам да видам кои се условите, за изградба на куќа на мое земјиште.“

„За надградба на постоечка куќа на родителите, за тоа се интересирам“, велат граѓаните кои ги затекнавме во канцеларијата на министерството.

Проектот „Купи куќа за млади“ кај младата популација предизвикал огромен интерес, не само во Скопје, туку и во другите градови. Од финансии велат дека целта на отворањето на канцелариите е граѓаните одблиску да се запознаат со проектот и условите.

 

Викторија Милевска