Леопард повреди шестмина во училиште во Индија

08.02.2016 16:28

Најмалку шест луѓе се повредени во 10-часовниот обид да го фатат мажјакот леопард, кој влегол во меѓународно училиште во индискиот град Бангалору...

Драма  во меѓународното училиште „Вингиор“ во Индија, откако леопрад повредил шестмина. На снимките од безбедносните камери се гледа како разјареното животно напаѓа неколку лица.  Бидејќи настанот се случи во недела, нема повредени ученици. Десет часа траела драмата и напорите на обезбедувањето да го фатат дивото животно.

„Борбата беше долга и тешка, и покрај тоа што му дадовме средства за смирување, обидите да го ставиме во еден агол беше тешка“, изјавија претставници на полицијата.

Според првичните сознанија, осумгодишниот мажјак леопард најверојатно заскитал во училиштето од шумата која се наоѓа во непосредна близина. Откако бил фатен веднаш бил префрлен во националниот парк.

 Според статистичките податоци во Индија има меѓу 12 и 14 илјади леопради. Научниците велат дека големите мачки често доаѓаат во средини каде што живеат луѓе бидејќи нивната природна средина е узурпирана од човечки фактор.

Минатата година леопард кој залутал во село во регионот Раџастан, неколку часа минал со главата заглавена во метален сад, за среќа за време на посетата немало повредени жители.

 

Марија Петковска