Измени на законот за легализација на земјоделски објекти

09.02.2016 10:22

Во собраниска процедура се измените на законот со кој ќе можат да се легализираат изградените земјоделски објекти. Се предлага иста постапка како и за објектите за домување...

Доколку Собранието ги усвои измените, земјоделците кои го немаат решено статусот на фармите, рибниците, преработувачки капацитети и други објекти, до 31 март 2016 година ќе можат да достават барање за легализација  во општините каде што се наоѓаат објектите.

Постапката ќе да биде слична како и за објектите за домување, а ќе важи за  решавање на статусот на објектите изградени до 3 март 2011 година  кои претставуваат градежна и функционална целина.

Земјоделците кои ќе достават барање за утврдување на правен статус ќе треба да достават и геодетски елаборат најдоцна до 31 декември 2017 година.

 

Методија Трајков