Судир на возови во Германија, најмалку 100 лица повредени
09.02.2016 10:31
Според информациите, осуммина се во критична состојба, а германската полиција изјавила дека има двајца загинати.

Најмалку сто лица се повредени во директен судир на два патнички воза во германската покраина Баварија. Најпрвин било јавено дека едниот од возовите се излизгал од шините, но подоцна полицијата утврдила дека се случил судар.
Според информациите, осуммина се во критична состојба, а германската полиција изјавила дека има двајца загинати.
Во спасувачката акција се вклучени 8 хеликоптери и голем број амбулантни возила.
