1,8 милијарди долари за справување со вирусот Зика

09.02.2016 11:25

Средствата ќе бидат искористени за изработка на вакцина и за тестови за дијагностицирање на вирусот, за финансиска помош на бремените жени со ниски приходи.

Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот повеќе од 1,8 милијарди долари за итно справување со ширењето на вирусот Зика.

Средствата ќе бидат искористени за изработка на вакцина и за тестови за дијагностицирање на вирусот, за финансиска помош на бремените жени со ниски приходи.

Дел од парите ќе бидат наменети за проширување на програмите за контрола врз популацијата на комарци.