Турција стравува од приливот мигранти

09.02.2016 11:39

Најлошото сценарио кое во овој момент може да се случи во регионот е доаѓање на околу 600.000 бегалци како резултат на алармантната состојба во сирискиот град Алепо...

Турција стравува од приливот на мигранти, изјави заменик премиерот на турција Нуман Куртулмус. Воедно, додаде дека најлошото сценарио кое во овој момент може да се случи во регионот е доаѓање на околу  600.000 бегалци како резултат на алармантната состојба во сирискиот град Алепо.

Во моментот на турско- сириската граница има околу 30 илјади бегалци.