Воз повреди жена во Прилеп
60-годишна прилепчанка е повредена во железничката несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минути се случи сред град. Патничкиот воз од Битола се приближувал кон железничката станица, го поминал преминот, кога машиновозачот, како што ни рече, ја забележал жената и се обидувал да закочи.
Според машиновозачот, иако упорно свирел и сигнализирал, жената која се движела по пругата пред возот воопшто не реагирала на звучните сигнали.
Патниците виделе само дека жената е отфрлена крај возот:

„Возот свиреше долго време, потоа запре и видовме дека жената беше падната долу. Беше отфрлена настрана. Возот навреме почна да кочи и да свири. Кога дојде до неа, застана.“
Од итната медицинска помош која стигнала за неколку минути велат дека жената е надвор од животна опасност.
„Се здобила со полесни повреди, но сепак ќе биде задржана во хируршкото одделение на натамошно испитување. Жената е на возраст од 60 години. Живее на улица „Дабнички завој“ број 41. Се работи за Фатиме Алиоска“, вели Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош.
Според Обвинителството, засега жената не давала сериозни одговори зошто се движела по пругата, стотина метри по обележаниот премин. Присебноста на машиновозачот и го спасил животот. Железничкиот сообраќај на релацијата Битола-Прилеп беше во прекин неколку часа.
Новинар: Елизабета Митреска
Снимател: Илчо Димески