Метео: Утре облачно, врнежи од дожд во попладневните часови

09.02.2016 13:42

Кон крајот на денот во западните делови на планинските предели се очекуваат и врнежи од снег.

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд особено во попладневните часови. На места е можна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

Кон крајот на денот во западните делови на планинските предели се очекуваат и врнежи од снег.

Ќе дува и засилен ветер од јужен правец кој на моменти на места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска