Спасов: Отворени 12.621 работни места преку „Македонија вработува“
„Македонија вработува“ на ниво на Република Македонија отвори 12.621 работно место досега, а проектот трае до крајот на месец април.

Преку проектот „Македонија вработува“ досега се отворени 12 илјади 621 работно место, изјави дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Апелира, приватните компании да ги искористат поволностите.
„Македонија вработува“ на ниво на Република Македонија отвори 12.621 работно место досега, а проектот трае до крајот на месец април. Би сакал да ги повикам сите субјекти и приватни компании да ја искористат оваа неповторлива шанса и поволностите кои ги нуди проектот, порача дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој во кочанско село Оризари, отвори нова градинка.
