Мирен протест пред Jавното обвинителство за случајот Tамара
Основното јавно обвинителство вчера преку соопштение информира дека спровело низа дејства во врска со случајот. Како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело „несовесно работење“ во службата.

Група граѓани заедно со мајката на починатата Тамара Димовска од Велес пред Јавното обвинителство со мирен протест бараа надлежните да го расветлат случајот и да ги посочат одговорните за смртта на девојчето.
Основното јавно обвинителство вчера преку соопштение информира дека спровело низа дејства во врска со случајот. Како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело „несовесно работење“ во службата.
Лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот. По завршување на сослушувањето, ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена- велат од Јавното обвинителство.
Тамара Димовска почина пред една година, боледуваше од сколиоза.
