„Диво насеље“: Терористичката група поделена на три структури, организаторите се од Косово, логистиката од Македонија
Организаторите и членовите на групата, според обвинителството се од Косово, а логистичката поддршка ја вршеле луѓе од Македонија, одговорни за тероризам. Во обвинителниот акт стои дека делото е сторено со умисла, и долго и темелно подготвувано.

Во скопскиот Кривичен суд е во тек судскиот процес за настаните во кумановската „Дива населба“. 29 обвинети одговараат за тероризам и нарушување на уставниот поредок на државата.
Според обвинителот, има докази дека терористичката група била поделена на три хиерархиски структури- организатори , логистика, а третата, лица кои вршеле дејствија.
Организаторите и членовите на групата, според обвинителството се од Косово, а логистичката поддршка ја вршеле луѓе од Македонија, одговорни за тероризам. Во обвинителниот акт стои дека делото е сторено со умисла, и долго и темелно подготвувано.
Обвинителството доказите ги поделило во две групи. Во првиот кластер, доказите кои покажуваат дека обвинетите сториле дејствија од нападот на караулата во Гошинце на 21-ви април минатата година, и во другите кластери, доказите за случувањта од 9-ти и 10-ти мај во кумановска „Дива населба“.
Судскиот процес се одвива под силно полициско обезбедување. Околу комплексот судови се распределени бројни полициски сили, а местото го надлетуваше и хиликоптер.
