Сиромаштијата и климатските промени - теми на Давос

22.01.2014 16:36

Економската обнова на државите, се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните  и климатските промени  се главните теми на самитот во Давос. Според основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб, ако во фокусот лани беше светската економска криза, сега тонот е „внимателно оптимистичен“. Но, стравувањата  за  економиите на држави со забрзан раст, резултатите од јапонската економска политика, монетарната политика на американскиот централен банкарски систем и состојбата во Европа сe се уште присутни. 
 
-Посебно е тоа што веќе не доминира само една криза. Ова е време да го притиснеме копчето за рестартирање и поубаво да ги погледнеме прашањата што ќе не засегнат во иднина, како климатските промени, влијанието на технологијата на работните места и други, вели Клаус Шваб основач на Светскиот економски форум.
 
Денеска Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за економски раст на глобалната економија на 3,7 проценти, но предупреди дека зајакнувањето на светската економија и натаму е слабо и нерамномерно. 
 
Основната причина за посилното закрепнување е тоа што кочниците  полека отпуштаат. Фискалната консолидација напредува, а раните на финансискиот сектор полека заздравуваат. Неизвесноста е помала, изјави главниот економист на ММФ Оливие Бланшар, додавајќи дека сепак постои голема разлика помеѓу САД каде што растот е стабилен и Европа каде што сè уште е слаб.
 
Дијана Ценевска