Најавените инвестиции ќе отворат нови 3.600 работни места

09.02.2016 16:48

„Странските директни инвестици од 2007-та до 2015-та изнесуваат 2 милијарди 266 милиони евра“ - вели вицепремиерот Ставрески. Се зголемил извозот, се отвораат нови капацитети, повеќе работа има и за домашниот бизнис. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со најавените нови компании годинава ќе се отворат над 3.600 работни места...

Се зголемува бројот на странски инвестиции, расте извозот од зоните. Според Ставрески - од 2007-та се влезени вкупно 2 милијарди 266 милиони евра странски директни инвестиции. Вели дека отворањето нови работни места останува приоритет.

„Ако се погледне структурата на извозот, постигната е онаа промена за која што генерации на македонски Влади само зборувале дека треба да се случи. За тоа зборуваа екпертите, кои сметаат дека треба да се трансформира македонскиот извоз кон производи кои носат повисока додадена вредност. Тоа е постигнато“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.  

Лани растот на извозот од зоните изнесувал 27 проценти- вели првиот човек на слободните зони. Очекува да се достине бројката од 2 милијарди.

„Само во јануари, извозот од слободните зони е зголемен за околу 14 проценти, со што се достигна извоз од 120 милиони евра, а индикациите од компаниите кои во моментов работат, а нормално и оние кои ќе започнат со работа оваа година, сметам дека е објективно да очекуваме зголемување на извозот од околу 15% оваа година“, изајви директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Лани во зоните се вработиле околу 6.700 лица. Новите инвестиции од вкупно 90 милиони евра треба да донесат уште 3.600. 

„БРГ ја купи поранешната Порцеланка во Велес, планираат 1.000 вработувања и 31 милион инвестиции. Станува збор за огромна компанија од Индија. ГЕС од Германија која потпиша договор планира во Бунарџик да вработи 200 лица и инвестиција од 15 милиони евра“, рече претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

Од почетокот на годинава  биле потпишани 4 договори со странски компании, 3 почнале со работа, една фабрика се гради, една објавила дека ќе инвестира. Со ова, според говорниците, се отвора работа за домашните компании.

 

Дијана Ценевска