Државна помош од 92.000 денари за отворено работно место

09.02.2016 16:52

Можат да аплицираат микро и малите претпријатија. Добиваат неповратни средсва за набавка на опрема и на материјали. Во соработка со УНДП, се финансираат до 5 работни места.

До 22-ри февруари е активен огласот за добивање неповратна државна помош од 92 илјади денари за отворено работно место. Можат да аплицираат микро и малите претпријатија. Добиваат неповратни средсва за набавка на опрема и на материјали. Во соработка со УНДП, се финансираат до 5 работни места.

Оваа програма претставува значајна помош за работодавачите, на оние работодавачи кои што планираат да  отворат нови работни места врз основа на развојот и растот на  нивното претпријатие, потребата да ангажираат нови работници. Овие средства кои ги дава Владата би им дошле како своевиден бонус, гранд средства кои би можеле да ги искористат за купување на опрема и материјали за својата работа. Оние пак работодавачи кои што размислуваат дали да отворат нови работни места, во оваа програма треба да видат дополнителен аргумент да ги отворат тие работни места затоа што ќе добијат средства од страна на државата, ќе заштедат трошоци за ангажман во поглед на опремата и материјалите и тие заштедени средства ќе можат да ги употребат потоа алтернативно за плати на лицата кои ќе ги ангажираат во работен однос, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.