Чешкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

10.02.2016 10:17

Целта на посетата е да се зајакне билатералната соработка на ниво на министри за надворешни работи, но и Заоралек лично да се запознае со ситуацијата околу мигрантската криза...

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек е во работна посета на Македонија, при што се сретна и разговараше со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.

Целта на посетата е да се зајакне билатералната соработка на ниво на министри за надворешни работи, но и Заоралек лично да се запознае со ситуацијата околу мигрантската криза, и да се даде поддршка за македонските напори на патот кон евроатлантската интеграција.

Заоралек и Попоски ќе имаат излагањa по повод 25-годишнината од основањето на Вишеградската група.