Почнува караванот „Купи куќа- купи стан“

10.02.2016 10:21

Денеска презентации ќе се одржат во Гевгелија, Валандово и во Дојран. Предвидено е карванот секоја недела да посетува повеќе општини.

Стартува карванот „Купи куќа, купи стан“, во 30 општини низ државава ќе се одржуваат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Денеска презентации ќе се одржат во Гевгелија, Валандово и во Дојран. Предвидено е карванот секоја недела да посетува повеќе општини.

Граѓаните за двата проекта може да се информираат и во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ што се наоѓаат во единиците на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и во Крушево во подрачните единици на Управата за јавни приходи.