Таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија ќе го блокираат ГП „Богородица“
10.02.2016 10:23
Бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор, информираат од Здружението на такси превозниците.

Граничниот премин „Богородица“ од 10 до 12 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки поради протестот на таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија.
Бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор, информираат од Здружението на такси превозниците. Најавуваат дека тоа ќе го прават секој нареден ден додека не профункционира договорот.
Според такси превозниците, не е можно Македонски железници да има монопол во превозот на мигрантите.
