Продажба на земјоделско земјиште за изградба на расадници

10.02.2016 10:28

Во Богданци се нудат 4 хектари државно земјоделско земјиште за изградба на расадник за градинарски култури. Идниот закупувач инвестицијата ќе треба да ја заврши за 4 години.

На огласот можат да се јават домашни и странски физички и правни лица.

Во бизнис планот понудувачите треба да предвидат изградба на оражерија за производство на сертифициран саден материјал за градинарски култури  со производство од најмалку 20 милиони садници годишно.

Инвестицијата треба да се направи за 4 години со минимално вложување од  1.200.000  евра.

Изборот на најповелен понудувач е по пат на електронско јавно наддавање и врз основа на највисоко понудена деветмесечна  закупнина по хектар,а почетната цена за хектар изнесува 490 евра.

Пријавените на огласот треба да достават и банкарска гаранција.

 

Методија Трајков