Сандерс ја победи Клинтон, Трамп сите конкуренти

10.02.2016 10:32

Сандерс освои 59 насто од гласовите пред демократската кандидатка Клинтон, која доби 39 проценти од гласовите. Милијардерот Трамп освои 34 насто од гласовите...

Демократот Берни Сандерс и републиканецот Доналд Трамп победија на партиските избори во американската држава Њу Хемпшир во трката за претседателски кандидат. Сандерс освои 59 насто од гласовите пред демократската кандидатка Клинтон, која доби 39 проценти од гласовите.

Милијардерот Трамп освои 34 насто од гласовите, додека пак на второ место се најде Џон Касич кој со 16 освоени проценти од гласовите се најде пред Тед Круз и Марк Рубио. По објавувањето на резултатите, Трамп изјави дека ќе и ја врати големината на Америка.

Следните партиски избори ќе се одржат кон крајот на февруари во Невада и во Јужна Каролина.