МВР: За 24 часа издадени 2.455 потврди за азил
Од почетокот на годинва издадени се потврди на вкупно 72.873 странски државјани, а најбројни се државјаните на Сирија- 35.177, Авганистан- 22.924 и Ирак- 14.769, соопштуваат од МВР.

Во изминатите 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија- 939, потоа на 827 државјани на Авганистан и на 689 државјани на Ирак.
Од почетокот на годинва издадени се потврди на вкупно 72.873 странски државјани, а најбројни се државјаните на Сирија- 35.177, Авганистан- 22.924 и Ирак- 14.769, соопштуваат од МВР.
Во истиот период, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.02.2016 година евидентирани се вкупно 21 барател на азил од кои 17 мажи, две жени и две деца со придружба на старател.
Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
