Дводневна средба на министрите за одбрана во НАТО

10.02.2016 11:09

На средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО во Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и одговор на хибридни закани.

Министрите за одбрана на државите од НАТО денеска и утре ќе разгледуваат планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа.

На средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО во Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и одговор на хибридни закани. Меѓудругото се очекува и нова седница на комисијата Грузија-НАТО.

Европската комисија изрази поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејското Море.

Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.