Во Сирија живеат најмалку 70 деца од БиХ
10.02.2016 11:57
Според информациите децата биле одведени во Сирија од страна на нивните родители кои им се придружиле на ИД или на другите исламистички групи во оваа блискоисточна земја.

Во изминативе две години најмалку 70 деца од Босна и Херцеговина завршиле во Сирија на територии под контрола на џихадистичката група Исламска држава.
Според информациите децата биле одведени во Сирија од страна на нивните родители кои им се придружиле на ИД или на другите исламистички групи во оваа блискоисточна земја.
Од 2014 година меѓу стотиците радикални исламисти кои заминале во Сирија се и 29 брачни двојки, кои со себе на патот без враќање ги повеле и своите деца, меѓу кои и имало и девојчиња стари само три години.
