Во Кина регистриран првиот заразен со вирусот Зика

10.02.2016 11:28

Инфицираниот маж е на возраст од 34 години и бил лекуван во Венецуела на 28 јануари пред да се врати во Кина на 5 февруари.

Во Кина е регистриран првиот човек заразен со вирусот зика кој неодамна престојувал во Венецуела. Според националната Комисија за здравство, пациентот брзо заздравува.

Инфицираниот маж е на возраст од 34 години и бил лекуван во Венецуела на 28 јануари пред да се врати во Кина на 5 февруари.

Откако било констатирано дека е носител на вирусот веднаш бил хоспитализиран.