УСАИД со поддршка од над 400 илјади долари за иновативните бизниси

10.02.2016 12:17

Поддржани се две старт-ап компании, една компанија во сопственост на малцинствата, и две компании во сопственост на жени.

Фондот за финансирање на иновативни бизниси на УСАИД, има одобрено 12 кредити во износ од скоро 444 илјади долари.

Поддржани се две старт-ап компании, една компанија во сопственост на малцинствата, и две компании во сопственост на жени.

Отворени се 50 нови работни места, а зголемен е извозот и нови продажби во износ од повеќе од 2 милиони долари.