Екстерното тестирање без проблеми
Екстерното тестирање генерално поминало без проблем. Учениците велат дека имале доволно време да се подготват бидејќи ги добиле прашањата еден месец пред оценувањето. Некои од нив се пожалија дека добиле прашања од лекции што не ги учеле.
Екстерното тестирање генерално поминало без проблем. Учениците велат дека имале доволно време да се подготват бидејќи ги добиле прашањата еден месец пред оценувањето. Некои од нив се пожалија дека добиле прашања од лекции што не ги учеле.
- Имаше прашања кои ги немавме изучувано во минатото полугодие
- Имаше време да се подготвиме
- Неправилности немаше , тестирањето добро го поминав
- Немаше нерегуларности затоа што бев спремен , велат средношколците.
Мали задоцнувања со старотот на екстерното имало во две училишта во Тетово и Кавадарци поради проблем со интернет-конекцијата. Раководствата на дел од скопските училиштата ги направиле сите контроли за успешен почетокот на оценувањето.
Министерот Спиро Ристовски објаснува дека не добиле поплаки за содржината на прашањата. Беа корегерини сите 150-ина забелешки кои стигнаа на адреса на ресорното министерство .
Она што беше низготвено од бирото беа прашања кои се однесуваа на материјалот од првото полугодие, рече министерот Спиро Ристовски.
Ристовски апелираше до директорите на училиштата посериозно да ја сфатат својата работа , затоа што нема да се гледа само ефикасноста на наставниците . Учениците кои неоправдано беа отсутни од екстерното нема да добијат свидетелство , ностанатите ќе бидат тестирани во друг термин .
Во петок ќе се полага вториот предмет од екстерното тестирање . Со оценувањето се опфатени 20 000 ученици и 2900 наставници.
Викторија Тодоровска
