Протест на младите лекари- специјализанти

10.02.2016 13:16

Бараат да се укине видеоснимањето на сите испити додека трае специјализацијата, да им се даде плата на сите приватни специјализанти, односно да бидат здравствено и пензиски осигурани...

Младите лекари-специјализанти излегоа на протест пред Министерството за здравство. Бараат да се укине видеоснимањето на сите испити додека трае специјализацијата, да им се даде плата на сите приватни специјализанти, односно да бидат здравствено и пензиски осигурани.

Бараат и договорот за лојалност на државните специјализанти да биде во сооднос еден спрема еден, односно уплатената сума за специјализација да се враќа во истиот износ. Освен тоа, бараат да се плаќаат сите дежурства, да се укине дискриминацијата по основ на боледување подолго од една година и трудничко боледување подолго од 24 месеци. Работното време да не биде од 10 до 12 часа како и досега, туку 8 во кое ќе влезе и работата со пациенти и теоретската настава.

Специјализантите тврдат дека пред три месеца се обратиле до министерот за здравство преку петиција потпишана од 350 лекари со конкретни барања за решавање на нивниот статус.