Попоски: Македонија нема да биде паркиралиште за мигранти

10.02.2016 13:06

Ќе обезбедиме за секој барател на азил во Македонија сместување и третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но секој треба да си ги исполнува своите обврски, изјави македонскиот министер за надворешни работи Попоски по средбата со неговиот чешки колега Заоралек...

Македонија нема да биде паркинг за бегалци. Ќе обезбедиме за секој барател на азил во Македонија сместување и третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но секој треба да си ги исполнува своите обврски, изјави македонскиот министер за надворешни работи Попоски по средбата со неговиот чешки колега Заоралек.

„На наша штета би било доколку Грција се претвори во паркиралиште за мигранти, но ние во никој случај нема да дозволиме Македонија да се претвори во паркиралиште за мигранти. Ќе обзбедиме за ској основан барател на азил сместувње и сите оние третмани за кои Македонија е обврзана на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку сите од прв до полседен се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ“, изјави Попоски.

Чешкиот министер истакна дека Прага се залага за прием на Македонија во Европската унија и НАТО.

„Секако дека не вознемири ситуацијата со внатрешно- политичката криза во Македонија, особено со деловите на владеење на правото, слободата на медиумите и сметаме дека овие проблеми треба да се решат што е можно побрзо. Би сакал во Македонија навремено да се одржат избори и истовремено оваа земја да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите кои ги има не само Република Македонија, туку и Европската унија“, нагалси министерот Заоралек.