Американски разузнавачи: Лидерите на ИДИЛ планират напади во САД
10.02.2016 13:47
Директорот на Американската национална разузнавачка агенција Џејмс Клапер, изјави дека ИДИЛ е во состојба да „насочи и да организира напади на голем број цели низ светот“.

Лидерите на џихадистичката група Исламска држава се решени годинава да извршат напади врз цели во САД, тврдат американски разузнавачки извори. Директорот на Американската национална разузнавачка агенција Џејмс Клапер, изјави дека ИДИЛ е во состојба да „насочи и да организира напади на голем број цели низ светот“.
Американските разузнавачки служби веруваат дека лидерите на Исламска држава се повеќе и сами ќе бидат вклучени во извршувањето на нападите, а не само да потикнуваат други да го прават тоа.
