Попоски-Заоралек: Македонија нема да биде паркиралиште за мигранти
Македонија нема да биде паркинг за бегалци. Ќе обезбедиме за секој барател на азил во Македонија сместување и третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но секој треба да си ги исполнува своите обврски, изјави македонскиот министер за надворешни работи Попоски по средбата со неговиот чешки колега Заоралек...

Ќе обезбедиме хуман и безбеден транзит за сите, ќе ги примениме одлуките кои се донесени на европско ниво и ќе соработуваме со сите, но нема да ја претвориме Македонија во паркиралиште за мигранти- изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски по средбата со неговиот чешки колега, Лубомир Заоралек. Важно е да имаме соработка со Грција без при тоа да се носат еднострани решенија во однос на мигрантите, нагласи Попоски.
„Ќе обзбедиме за ској основан барател на азил сместувње и сите оние третмани за кои Македонија е обврзана на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, сите од прв до полседен се влезени на наша територија од земја-членка на Европската унија“, изјави Попоски.
За чешкиот министер, Македонија е партнер и што поскоро треба да се реши внатрешната криза во земјава. Недвосмислено беше искажана подршката за евроатланските интеграции на Македонија.
„Секако дека не вознемири ситуацијата со внатрешно- политичката криза во Македонија, особено со деловите на владеење на правото, слободата на медиумите и сметаме дека овие проблеми треба да се решат што е можно побрзо. Би сакал во Македонија навремено да се одржат избори и истовремено оваа земја да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите кои ги има не само Република Македонија, туку и Европската унија“, нагалси министерот Заоралек.
Билатералната соработка е на високо ниво, оцениле Попоски и Заоралек. Трговската размена која изнесува 100 милиони евра треба да се зголемува, а двајцата министри покажале интерес за соработка во енергетиката и туризмот.
Миле Ристески
