Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност во однос на СДСМ – покажува последната анкета на „Брима галуп“, спроведена од 30 јануари до 4 февруари на репрезентативен примерок од 1.006 испитаници. Мнозинството од анкетирани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на предвремените избори...

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ, покажува последната анкета спроведена од агенцијата, „Брима галуп“, по барање на неделникот „Република“. На прашањето - ако следната недела би се одржале парламентарни избори, 36,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 15,7 насто за СДСМ. Ова се резултати добиени од анкетирањето на етнички македонци.
Двојната разлика се пресликува и со изјаснувањето на другите етнички заедници - 25,7 проценти од испитаниците се изјасниле за владејачката партија, а 13,4 насто за опозицијата. 56,6 насто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победиле доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а 12,4 проценти сметаат дека би победиле СДСМ.
На прашањето- која политичка партија се плаши од избори- 47,6 проценти одговориле СДСМ, 16 проценти- ВМРО-ДПМНЕ. 65,1 проценти од анкетираните рекле дека владејачката партија има поголем углед кај граѓаните, а 13 насто сметаат дека опозициската. На прашањето- под чие лидерство Македонија ќе оди напред економски - 50,8 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 20,1 насто за СДСМ.
Истражувањето било теренско во периодот од 30 јануари до 4 февруари на 1.006 испитаници на возраст над 18 години.
Наташа Гркова- Петрушевска
