Ципрас подготвен да разговара со земјоделците за пензиските реформи

10.02.2016 15:25

Во обраќањето на седницата на неговиот кабинет Ципрас рекол дека владата признава оти во својата сегашна форма, пензискиот пакет може да создаде товар...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е подготвен да разговара со земјоделците кои протестираат против пензиските реформи, но додаде дека поширокиот систем мора да се промени за да се заштити неговата одржливост.

Во обраќањето на седницата на неговиот кабинет Ципрас рекол дека владата признава оти во својата сегашна форма, пензискиот пакет може да создаде товар на делови од населението и треба да се преиспита.