Носителите на државни и јавни функции да обезбедат слободно право на глас

10.02.2016 16:00

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев испрати инструкција и писмена изјава до сите носители на државни и јавни функции. Целта е одржување фер, кредибилни и демократски избори на 24-ти април годинава...

Секој полнолетен граѓанин има еднакво, општо и непосредно избирачко право, кое се остварува на слободни избори со тајно гласање. Секој граѓанин има право сам да одлучи за кого ќе го даде својот глас на изборите. Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев испрати инструкција и писмена изјава до сите носители на државни и јавни функции.

Целта е одржување фер, кредибилни и демократски избори на 24-ти април годинава, унапредување на довербата во изборниот процес и оневозможување на каков било притисок врз граѓаните при гласањето, информираат од Владата.

Никакви надворешни влијанија или притисок врз нивната одлука нема да бидат толерирани, истакнува Димитриев. Македонија има традиција на добро организирани слободни и фер избори, што е признато и од сите релевантни меѓународни институции, стои во писмената изјава на Димитриев.