Продолжува судењето на обвинетите за настаните во „Дива населба“
11.02.2016 10:10
Обвинителот рече дека ќе докаже оти учествувале во судирот во Куманово и во нападот во Гошинце...

Судскиот процес против 29-темина обвинети за настаните во кумановската населба „Тоде Мендол“, продололжува денеска под силно полициско обезбедување.
Обвинетите се товарат за тероризам и за случувањата од 9 мај минатата година, кога беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени. Во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
Обвинителот рече дека ќе докаже оти учествувале во судирот во Куманово и во нападот во Гошинце. Обвинетите, во својата одбрана, рекоа дека не се виновни.
