Раселени повеќе од 50.000 луѓе од Алепо

11.02.2016 10:37

На минусни температури без храна и вода, на милиони луѓе им се заканува смрт, предупреди претставник на Црвениот крст.

Повеќе од 50.000 луѓе се раселени поради жестоките борби во Алепо, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој воедно предупреди дека хуманитарната состојба во градот е алармантна.

На минусни температури без храна и вода, на милиони луѓе им се заканува смрт, предупреди претставник на Црвениот крст.

Истовремено под притисок на меѓународнат заедница Турција дозволи влез на 30 илјади бегалци од Алепо.