Од почетокот на 2016-та издадени речиси 75.000 потврди за азил

11.02.2016 11:18

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 36.003, Авганистан- 23.565 и Ирак- 15.119.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.817 странски државјани, од кои 670 од машки и 390 од женски пол, како и на 756 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кои патувале без родител, соопштува МВР. Најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија- 826, потоа на 641 државјани на Авганистан и на 350 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 74.690 странски државјани, од кои 30.148 се од машки пол, 16.177 се од женски и 28.220 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145  деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 36.003, Авганистан- 23.565 и Ирак- 15.119.

Во истиот период, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.